+389 78 982 940 +389 70 349 349
+389 78 982 940 +389 70 349 349

За нас

Вашите миленици се повеќе од животни, тие се дел од вашето семејство!Затоа тие ја заслужуваат најдобрата ветеринарна нега.

Нашиот тим од искусни ветеринари е тука, за да се погрижи вашите крзнени пријатели да добијат третман по највисоки стандарди во топла и пријатна атмосфера.

Редовна контрола, навремено превенирање, лабораториски анализи, правилна дијагноза и соодветна терапија е тоа што е потребно за здраво и среќно милениче.

Посетете ја ветеринарната амбуланта City Vet и уверете се во квалитетот на нашите ветеринарни услуги.

+389 70 349 349

Услуги

Прегледи и лекување

Редовни и итни прегледи, препишување на терапии и лекување. Го следиме развојот на вашиот миленик и се грижиме да ја добие најдобрата нега од наша страна. Ве даваме и совети за како да бидете одговорен и добар сопственик за вашиот миленик.

Вакцинација и чипирање

Кучињата и мачките треба еднаш годишно да се вакцинираат/ревакцинираат против заразни болести кои што често се јавуваат кај нив и против болеста беснило еднаш годишно, исто како законска вакцина и редовно да се третираат против екто и ендо паразити. Нашата амбуланта врши вакцинирање и чипирање заедно со издавање на патни исправи за вашиот миленик.

Лабораториски испитувања

Поседуваме најсовремени апарати за класична крвна слика и биохемиска анализа на крв. Лабораториското тестирање е важна компонента во дијагностика на состојбата на милениците. Вршиме испитувања и анализи на крв, за откривање и дијагностицирање на болести, вируси, бактерии.

Хируршки интервенции

Стерилизации, кастрации и други поголеми или помали хирушки интервенции. Тимот на City Vet е посветен вашиот миленик да добие грижа на највисоко ниво. Хирушките интервенции се вршат во стерилизирани услови од стручни и обучени ветеринари.

Мерење притисок на миленици

По она што се издвојуваме е мерење крвен притисок на миленици. Мерењето го правиме со специјален апарат за мерење притисок, кој е неинвазивен и потполно безбеден за вашиот миленик. Како и луѓето така и животните може да имаат проблеми со крвен притисок. Затоа закажете мерење на притисок на вашиот миленик кај нас.

Чистење на забен камен

Располагаме со модерен ултразвучен апарат за чистење на забен камен на домашни миленици. Третман кој се извршува во услови на длабока анестезија, третман кој е целосно безболен, безбеден и краткотраен.

Аптека и пет шоп

Располагаме со разни видови лекови, витамини, препарати, вакцини, ампули и каишки против болви и крлежи, вакцини, премикси и лекови за домашни животни. Во склоп на нашата ветеринарна амбуланта имаме и пет шоп за храна, поводници, играчки и се што ви е потребно за вашиот миленик.

Зошто да не изберете нас?

Искусен тим

Внимателно ги слушаме Вашите проблеми и креираме решение прилагодено на потребите на вашето милениче.Ветеринарна амбуланта City Vet настана со жеба да со ширење на позитивна енергија и ентузијазам создадеме пријатна атмосфера во која ке градиме пријателски односи со нашите клиенти и ке разменуваме љубов со сите животни.Ги едуцираме сопствениците за сите аспекти за грижа и добробит за здравјето и квалитетниот живот на милениците.Со големо професионално искуство пружаме најголемо ниво на стручна медицинска помош и хируршка нега со употреба на најсовремена опрема.

Сеопфатни услуги

Од превентивна нега и вакцини до стоматолошка нега и хирургија, нудиме широк спектар на услуги за одржување на вашето домашно милениче здраво и среќно во текот на неговите животни фази.

Едукација на клиенти

Ние веруваме дека информираните сопственици на домашни миленици ги носат најдобрите одлуки за здравјето и благосостојбата на нивните миленици. Затоа одвојуваме време да ги едуцираме нашите клиенти за здравјето на нивните миленици и да обезбедиме насоки за превентивна грижа, исхрана и однесување.

Прегледи и испитувања

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit

Вакцинирање и чипирање

Вакцинацијата е многу важен дел од одговорно сопствеништво. Со тоа го заштитувате вашиот миленик, а и другите животни кои доаѓаат во контакт со вашиот миленик. Чипирањето нуди идентификација и медицинска историја, кое придонесува до полесно и модерно лекување, патување или целосна грижа за миленикот.

+389 70 349 349

Закажете си редовна вакцинација или чипирање

Јавете ни се

+389 70 349 349

Лабораториски испитувања

Поседуваме најсовремени апарати за класична крвна слика и биохемиска анализа на крв. Лабораториското тестирање е важна компонента во дијагностика на состојбата на милениците. Вршиме испитувања и анализи на крв, за откривање и дијагностицирање на болести, вируси, бактерии.

+389 70 349 349

Хируршки интервенции

Закажете преглед или побарајте совет од нас

Јавете ни се.

+389 70 349 349

Мерење притисок на миленици

По она што се издвојуваме е мерење крвен притисок на миленици. Мерењето го правиме со специјален апарат за мерење притисок, кој е неинвазивен и потполно безбеден за вашиот миленик. Како и луѓето така и животните може да имаат проблеми со крвен притисок. Затоа закажете мерење на притисок на вашиот миленик кај нас.

+389 70 349 349

Чистење на забен камен

Аптека и пет шоп

Добро снабдена аптека за миленици и пет шоп.

Нашиот тим

Запознајте го тимот кој стои позади City Vet. Редовно посетуваме ветеринарни обуки, конференции и секогаш сме во тек со новините во ветеринарната медицина, со цел да обезбедиме стручна, професионална и квалитетна услуга.

Д-р Маријан Ниновски

Доктор по ветеринарна медицина

Роден во 1974 во Скопје, дипломиран на Факултет за Ветеринарна Медицина –Скопје.Во 1999 веднаш по завршувањето на факултетот, работам како професор во Средно Ветеринарно училиште Моша Пијаде во Тетово.Од 2001-2007 работам како ветеринарен доктор во Ветеринарната болница-Скопје.Од 2007, па се до денес работам приватна пракса во сопствена ветеринарна амбуланта, каде што активно учествувам во превентивата и лекувањето на животните.Континуирано се усовршувам на конгреси и работилници во земјата и странство.Мојата област на усовршување се ЕХО ДИЈАГНОСТИКА и ИНТЕРНА МЕДИЦИНА.

Д-р Слободанка Грујевска

Доктор по ветеринарна медицина

Родена 1984 година, дипломирана на Факултет за Ветеринарна Медицина – СкопјеВеднаш по завршувањето на факултетот, работам во ветеринарна амбуланта за мали животни.Имам 16 годишно искуство во лекување на домашни миленици.Област на усовршување ми се ХИРУРГИЈА НА МЕКИ ТКИВА и ИНТЕРНА МЕДИЦИНА.Континуирано се усовршувам на конгреси во земјата и странство.

Контакт

Контактирајте нè за сите вашите прашања и барања

Адреса

Ул.Христо Татарчев 33-а, Скопје, Северна Македонија
Loading
Your message has been sent. Thank you!